Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Средба Заев-Сандри: Соработката со УНХЦР ќе продолжи со цел да се најдат решенија за евидентирање на сите лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
08072019_PVRSM_Zaev_sredba_Sandri_2-1

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја, Моника Сандри.

На средбата, соопшти владината прес-служба, позитивно е оценета досегашната соработка на УНХЦР и Македонија и во таа насока се разговараше за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците.

— реклама —

Претставничката на УНХЦР го претстави Глобалниот договор за бегалци и го најави Глобалниот форум за бегалци кој ќе се одржи во декември 2019 година во Женева. Притоа, ја покани државата да даде свој придонес во областите на социјална инклузија на бегалците и искоренување на бездржавјанството.

— реклама —

Се разговараше, стои во соопштението, и околу можното пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата на Организацијата на обединетите нации (ООН) од 1961 година за намалување на бездржавјанството, како и за бројот на лица кои би биле опфатени со оваа ратификација и други импликации и натамошна координација.

— реклама —

Сандри посочи дека преземајќи ги овие чекори, Македонија може да стане пример за регионот и пошироко.

На средбата, беше заклучено дека соработката меѓу Македонија и УНХЦР ќе продолжи со цел да се најдат најсоодветни решенија за институционално-правната рамка за евидентирање на сите лица, на кои треба да им се обезбеди основната лична документација за да се стекнат со правен статус, кој потоа ќе им ги обезбеди сите права што ги имаат и сите други граѓани на нашата земја.

На средбата се разменети мислења за состојбата со бегалците и мигрантите во Регионот и пошироко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања