Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Средбата почна: Мицковски и Заев ја оправаат државата или дискутираат за своите интереси?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-micko

Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски се затворија во четири ѕида и започнаа дискусија. Средбата инцирана од Мицкоски се одвива во барокната зграда на Владата, а точките за дискусија се познати на јавноста. Ова среќавање во четири очи треба да реши дел од состојбите во државата, а дали очекувањата ќе бидат исполнети, останува да видиме по завршувањето.

Интересно е што двајцата лидери постојано се наверуваат и клеветат пред камерите, секојдневно се критикуваат и навредуваат, па потоа заедно седнуваат да дискутираат и тоа го прават во „име на државата и граѓаните“. На ова постојано се реагира, па се поставува прашањето, дали се среќаваат поради државата или поради своите интереси.

— реклама —

На лидерската средба, како што најави претходно премиерот Заев, ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата.

— реклама —

– Мене ми е значајно да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште, изјави вчера меѓу другото Заев.

— реклама —

Покрај претседателските избори и реформските закони, изјави Мицкоски, ќе се  разговара и за Предлог законот за Специјалното јавно обвинителство кој го добиле во работна верзија, а ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања