„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Средби на премиерот Заев во Парламентот и Сенатот во Букурешт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-4-1

Претседателот на Владата Зоран Заев и владината делегација се сретнаа и со претседателот на Домот на пратениците, Ливиу Драгнеа, како и со заменик претседателот на Сенатот на Романија, Јулијан Клаудиу Манда. Во Домот на пратениците е соопштена веста дека вчера едногласно е ратификуван Протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО.

— реклама —

Изразени се честитки дека нашата држава испишува историја, како дома, така и во регионот и во Европа, низ визионерските политики и начинот на којшто им е пристапено и се решени прашањата важни за иднината.

— реклама —

Премиерот Заев се заблагодари за огромната поддршка од Романија и за тоа што земјата е меѓу првите што пристапи кон потпишување на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

-Благодариме за почитта. За нас членството во НАТО е голема стратешка цел. Важни се мирот, стабилноста, безбедноста, но тие значат и економија. Нашата цел е да ги потврдиме перцепциите дека Северна Македонија може да биде и „економско чудо“.

Во таа насока посебно е посветено внимание на планираниот бизнис форум од двете земји, интензивирање на економската соработка и размена на искуства на економски план. А разговарано е и за унапредување на соработката во областа на културата, образованието, гасното поврзување, инфраструктурата.

Во Сенатот каде треба да се заокружи ратификувањето на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО е најавено дека течат забрзани процедури тоа да се случи во текот на следната недела. Изразени се честитки за храбриот пристап на премиерот Заев во решавањето на политичките прашања, на европски начин.

Премиерот Заев, ги поздрави сите заложби на Романија за евро-атлантските интеграции на нашата земја и изрази надеж дека од романското претседателство во ЕУ, ќе произлезе отворање преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања