Среде бел ден, околу пладне, скопјанец бил ограбен во Ѓорче Петров.
„На 20.01.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје, З.К.(50) од Скопје пријавил дека на подрачје на Ѓорче Петров – Скопје три лица физички го нападнале и му одзеле чанта со лични документи“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.