Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Среде криза 100.000 евра за партиски вработувања во Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ аздисува, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
119735084_101463265050876_5337377254707244280_n

Во време на криза, кога општината Кисела Вода се жалеше дека нема пари за струја и парно, за помош на граѓаните, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски немилосрдно ќе потроши 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на блиски лица, членови на ВМРО-ДПМНЕ и медиумски гласници на партијата, вели СДСМ.

— реклама —

„За општина како Кисела Вода, 100.000 евра се сериозна сума на пари со кои може да им се помогне на граѓаните, сега кога им е најпотребно во време на огромна криза.

Наместо да ги троши парите на непродуктивни трошоци и партизација и да аздисува, градоначалникот Ѓорѓиевски да ги пренасочи за општината и за граѓаните.

— реклама —

Граѓаните на Кисела Вода не заслужуваат вакво недомаќинско и расипничко трошење на општинските пари и дејствување на штета на општината.

Очигледно ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија која 11 години криминално владееше а ништо не работеше“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања