Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Среде Њујорк ќе се прават плажи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
new-york

Со децении, водите во њујоршките реки се сметаа за превалкани за капење.

Сепак, пливањето пред градската панорама на Менхетн наскоро би можело да стане реалност откако беше лансиран проект кој треба да го заживее капењето во Ист Ривер. Градските власти планираат да изградат самопрочистувачки базен меѓу Бруклин и мостовите на Менхетн, што би им овозможило на луѓето да пливаат среде град.

— реклама —

Доколку овој план се реализира, тоа би бил прв урбан речен пливачки објект во цела Америка. Исто така, тоа би значело враќање на традицијата која почна на крајот на 19. век, кога во Ист Ривер имало голем број јавни пловечки бањи, пред загадувањето да им стави крај во 1930-ите.

— реклама —

Градот распиша конкурс за „развој, инсталирање и управување на самопрочистувачки пливачки објект, што би се наоѓал во централен Менхетн“.

— реклама —

Меѓу оние кои сакаат да се пријават е и непрофитната организација „+Пул“, која уште пред девет години креираше нешто што го нарече прв пловечки самопрочистувачки базен на светот. Со површина од 836 квадратни метри, тој има четири одделни секции, за спортување, релаксирање, пливање и за деца. Тие проценуваат дека нивниот базен би чинел 20 милиони долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања