Средношколците идната недела излегуваат на протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dete-kompjuter

Сојузот на средношколци в петок, наредната недела најави протести против одлуката на Министерството за образование новата учебна година од септември да се одвива онлајн. Нивното барање се заснова на комбиниран модел што подразбира настава со физичко присуство таму каде што дозволуваат здравствените услови.

— реклама —

Вчера од Владата се сретнаа со претставници на средношколците, по што беше објавено дека заедно ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на Кoвид-19. Од Владата ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања