Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Средношколки прегазени од мотоцикл во Скопје - семејството: Возачот свесно не закочил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
brza-pomos-nokje-3

Две средношколки биле прегазени од мотоцикл додека оделе кон училиште минатиот вторник, сведочи семејството на едно од девојчињата за „Скопје1“. Тие посочуваат дека мотоциклот свесно не закочил, а не им укажал ниту помош. Според сведочењето на девојчињата, помош им укажале лица кои се движеле со камионче. За кратко, лицето со мотоциклот се вратило, па и кажало на прегазените дека можат да се договорат, да не помислуваат да викнат полиција. Девојчињата со Брза помош биле однесени во болница. Настанот се случил кај Цементара во правец кон средното училиште „Марија Кири Склодовска“.

— реклама —

Ирена Стојчевска, мајка на една од средношколките раскажа што се случило и на што се сомневаат.

„Тој што го возел моторот и бил позади нив свесно не закочил и удрил во нив по што не им укажал помош и си продолжил.Девојчето е со огромни болки модрици и рани, контузии користејќи цело време Бруфени за да се ублажат болките. Полицијата ги пронашла двете момчиња и ги идентификувала. Интересно е дека патеката која има сообраќаен знак за велосипеди во поголем дел е единствена патека. Над неа има патека за пешаци која по стотина метри завршува како влез во зграда, а долу на патот останува една заедничка тесна патека која е и единствен тротоар и патека за велосипед. При што од полицијата е укажано дека смее да се движат мотори од 50 кубика, а тоа е единствен тротоар на кој што може да се движат и пешаци“, вели Ирена Стојчевска, мајка на едно од девојчињата.

— реклама —

„Скопје1“ побара став и од МВР, од каде велат дека направиле увид на местото и составиле записник.

„Во врска со вашето прашање околу случена сообраќајна незгода од 04.02.2025 година на булеварот „Србија“ во Скопје ве информираме дека од страна на ОУСН при СВР Скопје е извршен увид на лице место, односно од страна на полициски службеници биле превземени сите увидни дејствија. Воедно, поднесено е и писмено известување до ОЈО-Скопје и во понтамошната постапка ќе следи соодветна пријава по комплетирање на целокупниот увиден материјал“, велат од МВР.

Мајката посочува дека револтот кај нив е голем од причина што девојчињата се удрени и никој не чувствува вина за настанот.

„До кога вака малолетниците ќе дивеат по скопските улици и тротоари и прашањето ми е дали требаше некој да биде жртва во ситуацијата за да се преземаат соодветни мерки против сторителите?“, прашува мајката Стојчевска.

Семејството и само водело истрага, па успеало да стигне и до лицата за кои се сомневаат дека биле на мотоциклот. Оттука, се наметнува можноста, тие да се и малолетни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања