Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Српската амбасадорка во Загреб одби да прими протестна нота од Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
ambasada

Хрватското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја повикале српската амбасадорка Мира Николиќ за да изразат протест поради обидот за ненајавено и незаконско влегување на припадници на српската армија во таа држава Според хрватски медиуми, амбасадорката одбила да ја прими протестната нота.

Хрватската страна го осуди обидот да влезат припадници на српската армија „без знаење и согласност од хрватските власти и без да се следи пропишаната постапка за најава“, како и дека Министерството изразило протест и настанот го смета за провокација со цел да се испровоцира инцидент. „Ова е уште една потврда дека Србија не е подготвена да се соочи со сопственото минато и одговорност за војните во 90-тите години“, се вели во соопштението на хрватското Министерство. Кадети од Воената академија заминаа за Хрватска во саботата со намера да присуствуваат на богослужба за жртвите во Јасеновац, но беа вратени од преминот Батровци – Бајаково.

— реклама —

Делегацијата беше запрена и претресена.

— реклама —

Хрватскиот премиер Андреј Планковиќ рече дека станува збор за „ненајавено, непријавено и неодговорно пристигнување за престој во областа Јасеновац“, односно провокација.

— реклама —

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека полициската станица во Новска била известена многу порано за посетата на делегацијата на српската армија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања