Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извоз на македонските храна и вино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Соработката на Сојузот на стопански комори на Македонија и Кинескиот национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии (China national Research Institute of Food and fermentation industries) е надградена со посета на бизнис-делегација од ССК на повеќе индустриски градови во Народна Република Кина.

— реклама —


Делегацијата е составена од: Загорка Блажевска – директор и сопственик на „Вита нова“, фирма за суровини за прехрана, фармација и козметика, член на управниот одбор на Сојузот на стопанските комори; Јани Богевски – сопственик на винарницата „Бовин“; Дина Дервенџи-Стојкоски – менаџер на ресторан и хотел „Камник“; Игно Јанчев – менаџер за продажба и извоз на винарницата „Венец“.

— реклама —


— реклама —

Кинескиот национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии е најважен истражувачки орган на системот за стандардизација во НР Кина и е мост помеѓу центрите на производство и примена на науката, со цел заокружување на научниот синџир и стекнување национална доверба во производите и услугите.


Во склоп на Институтот постојат 4 истражувачки институти, 15 истражувачки групи, 2 виртуелни истражувачки групи и повеќе од 110 специјализирани лаборатории во стандардниот истражувачки институт обезбедувајќи ја потребната заднина за истражување. Институтот има соработка со Националната организација за стандарди, под Секретаријатот на релевантните комитети на Меѓународната организација за стандардизација (ISO), Меѓународната електротехничка комисија (IEC), Комисијата за кодексот за храна (CODEX) и Меѓународната организација за правна метрологија (OIML).

— реклама —

ССК заедно со бизнис-секторот интензивно работи на полето на стандардизација за да се подобри квалитетот и да се задоволат потребите на општеството во областите безбедноста на храната и животната средина, дополнително дејствува на достапност на технолошки консултации до индустриите и поддржува инклузивен раст преку иновации. Главен акцент е да компаниите да имаат можност на искористување на научниот потенцијал на универзитетите, истражувачките центри, индустриите и другите даватели на услуги, со цел решавање на клучните и приоритетни предизвици во бизнис-секторот.


„Нашата мисија е да бидеме глобален тим од креативни професионалци, кои со следење на новите трендови, со своите идеи ќе доставуваат нови начини за подобрување на производите и процесите на производство на нашите клиенти“, изјави Загорка Блажевска од „Вита нова“, дел од тимот на бизнис-посетата на ССК во НР Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања