„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ССК: Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор, компаниите бегаат од земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
danela

Сојузот на стопански комори (ССК) предупредува: Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор. Голем е бројот на компании што се заинтересирани да ги преселат своите бизниси во соседството, посебно во Бугарија и Србија, а не престанува и заминувањето на младите од земјава, во услови на кршлива економија, политичките лидери треба да ја спуштат топката и да размислат што можат заеднички да направат за национален просперитет и за доброто на граѓаните. Во оваа насока и во насока на развој на економијата е неопходно да се слушне гласот на компаниите, на оние што го полнат државниот буџет, велат од ССК.

— реклама —

ССК на прес-конференција соопшти седум приоритети кои, како што рече претседателката Данела Арсовска, Владата и министерствата мора да ги испочитуваат ако сакаат 2019-та да биде економска година.

Обезбедување политичка и правна сигурност, континуиран раст на стопанството, менување на законите исклучиво во консултација со бизнисот, јасна волја за напредок без корупција, итни реакции на институциите веднаш по какво било укажување на бизнис заедницата, минимизирање на поларизацијата во општеството и зајакнување на борбата против сивата економија, се приоритетите на ССК кои ги образложи Арсовска.

— реклама —

-Се соочуваме со интензивна миграција која треба да се спречи сега и веднаш. Голем е бројот на фирмите што не прашуваат и бараат од нас информации за поволностите во соседството. Сакаат дел од своите деловни активности да префрлат таму, нагласи претседателката на ССК.

Секој од седумте приоритети на ССК во себе содржи по неколку барања од членките кои се засега вкупно 20.000 и доаѓаат од различни регони на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања