Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ССК: Структурните економски реформи да бидат национален приоритет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Mickoski-3-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Економијата и спроведувањето на неопходните структурни економски реформи во земјата кои се препорака од Европската Унија, да се национален приоритет и да постои утврдена стратегија која ќе се имплементира долгорочно, како би се демонстирало движење во насока на подобрување на стабилноста и зголемување на правната сигурност во земјата, беа пораките упатени на денешниот состанок од претседателството на Сојузот на стопански комори на Македонија на средбата со делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицковски.

— реклама —

Претседателот на Сојузот, ја истакна важноста од развојот на малите и средни претпријатија како двигател на економијата во услови на предвидлив деловен амбиент и политичка стабилност, преку обезбедување на владеење на правото, како предуслов за остварување на одржлив економскиот развој. Порача дека некои прашања како економската благосостојба во земјата треба да имаат приоритет пред останатите интересни групи, за економски поразвиена Македонија со цел подобар животен стандард.

— реклама —

„Повисок економски раст може да се постигне единствено со целисходна национална стратегија за развој на приватниот сектор, а во соработка со сите чинители во општеството, владини институции, невладиниот сектор, академската заедница, деловните организации, водени од заедничка цел, да делуваат на креирање долгорочна економска стабилност и просперитет за идните генерации. Сите политички чинители неопходно е континуирано да ги поддржуваат предложените мерки на деловната заедницата, особено за измени во легислативата кои се клучни за економскиот раст. На деловната заедницата и е потребен стабилен политички амбиент како би можеле да се релизираат предвидените инвестициски проекти со гаранција на инвестициите како одраз на зголемување на правната сигурност“, изјави Арсовска и додаде дека за стопанството најголем проблем е сивата економија, а веднаш потоа брзата промена на легислативата.

— реклама —

Дополнително во контекст на донесување на национална стратегија за развој на приватниот сектор, беше истакната токму конзистентноста во спроведување на одредени мерки како приоритет, затоа што само со континуитет и професионален пристап може да се очекува некаков успех.

На состанокот се дикустираше за активностите на Сојузот, состојбата во економијата по сектори со оглед на структурата на комората и предизвиците со кои компании се соочуваат во секојдневното работење, а беше истакната и важноста на приватниот сектор како двигател на економскиот раст кој генерира најголем број вработувања во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања