Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

ССМ бара, доколку се зголеми цената на струјата, да се зголемат и платите и пензиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
struja

Поскапувањето на струјата е избрзана одлука на Регулаторната комисија за енергетика е ставот на најголемиот синдикат во државава. Доколку покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 отсто е ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

– Во услови на здравствена криза, која имаше и сѐ уште има големо влијание и врз економијата и врз сигурноста на работните места, како и во услови кога годинава Минималната плата е зголемена за само 2,99 отсто, просечната плата од јануари до мај 2020 година е намалена за 4,18 проценти, а трошоците на граѓаните се зголемени заради кризата не се согласуваме да има зголемување на цената на електричната енергија, а особено не поради тоа што истата ќе падне на грбот на работниците, пензионерите, невработените, односно граѓаните – велат од ССМ.

— реклама —

Според неофицијалните информации, ССМ преку своите стручни служби ќе направи пресметки за влијанието на покачените цени не само на струјата, туку на сите производи и тоа ќе го внесе во потрошувачката кошница. Ќе бара скалесто зголемување на платите за толку колку што се зголемат трошоците на живот. Ова значи не само покачување на минималната, туку на сите плати.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања