ССМ бара затворски казни за работодавачите кои зеле субвенции за плати, а не им ги дале на вработените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
paridenari1

Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките, вели Дарко Димовски, претседателот на ССМ,  во емисијата „Утрински брифинг“, по информациите дека над 700 работодавачи земале пари од државата за да исплатат плата како помош поради корона-кризата, а парите не им ги исплатиле на своите вработени.

— реклама —

Ваквиот негов став доаѓа на ден по откривањето од Сања Лукаревска, директорка на Управата за Јавни Приходи (УЈП), дека околу 700 фирми аплицирале и добиле финансиска поддршка од државата за исплата на плати за месеците април и мај, но не трансферирале дел од парите на своите вработени.

„Некој треба кривично да одговара и да заврши зад решетки. Апелиравме за ова до Управата за Јавни Приходи од каде реагираа во најкус можен рок. Компаниите се лоцирани и согласно законот, заедно со Државниот трудов инспекторат, ќе бидат изречени глоби за исплата на парите што ги должат. Но, тоа не е доволно и мора кривично да се одговора“, истакна Димовски.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања