„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ССНМ ги осудува нападите врз новинари и фоторепортери од страна на обезбедувачите на МПЦ 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
19303golema

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудува денешните физички напади врз новинари и фоторепортери од страна на обезбедувањето ангажирано од Македонската православна црква (МПЦ) за манифестацијата фрлање на крстот во Скопје по повод верскиот празник Водици.

— реклама —

„Според изјавите од напднатите колеги, како и од наши членови очевидци на инцидентот, обезбедувачите од агенцијата „НИКОБ“, грубо физички се однесувале кон новинарката на Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, кон фоторепортерката од МИА, Ивана Батев и кон фоторепортерот од Република, Александар Ивановски. Новинарката на Канал 5 притоа има здобиено повреди на раката и вратот, поради што ѝ била укажана лекарска помош во Универзитетската хируршка болница „Св. Наум Охридски“.

ССНМ бара од полицијата и Основното јавно обвинителство темелно да го истражат инцидентот и соодветно да ги казнат напаѓачите, со што ќе пратат порака дека нема толеранција за каков било напад врз новинари или врз медиумски работници, а особено не за физичко насилство при вршење на основната дејност – информирање на јавноста.

— реклама —

Ова дотолку повеќе го бараме затоа што ова не е прв инцидент со обезбедувачи на МПЦ за време на Водици, поради што за одговорна ја сметаме и МПЦ и второ, затоа што со практика на неажурност на надлежните дополнително се придонесува кон охрабрување на напади врз новинари и медиумски работници“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања