Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Стаменкоска Трајкоска до Шукова: На кого ќе се извините, на народот кој го прелажавте или на Бектеши?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„Првото прашање имено сакав да го адресирам до вицепремиерката за добро владеење, госпоѓата Грковска. И сакав за нејзе, бидејќи не верувам дека премиерот ќе одоговори бидејќи има многу отсутни министри. Овој кабинет е задолжен за транспарентност, отчетност, професионалност на институции, антикорупција, а во јавноста сведочиме како министерот Груби, функционери, претседатели на политички партии итн. се возат во скапи автомобили. А, до ДКСК во нивниот Извештај имаат скромни автомобилчиња ставено дека возат. Од сето ова произлегува прашањето дали со слободата да возат туѓи и скапи автомобили, министрите дополнително се изложуваат на ризик од корупција, злоупотреба на функција, безбедносен ризик итн. Дали министерот Груби може добро да раководи со неговото министерство бидејќи со возење на туѓ автомобил се изложува на ризик од корупција“, запраша пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска седница на пратенички прашања.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Стаменкоска Трајкоска запраша дали кабинетот на вицепремиерката Грковска презема нешто околу случајот со Груби. Јавноста треба да знае што се презема за да се намали овој ризик. Кабинетот со кој што раководи вицепремиерката покрај тоа што троши народни пари, јавноста треба да е запознаена какви чекори презел кабинетот на Грковска, какви политики за добро владение преземале.

— реклама —

„Моето второ прашање ќе го поставам на министерката за животна средина и просторно планирање. Министерството кое има предизвик да ја заштитува животната средина од ѓубрива, прашина, бучава, злоупотреба на вода за пиење, загадување на почвата, воздухот, регионалните депонии итн., во јавноста сме сведоци и од едно истражување што може да се направи дека нема кавлитетно управување со отпад, нема управување квалитетно со води, дека нема квалитетна климатска акција. А, сето ова е извадено од програмата која Ве поддржувам Вам да бидете Вие министерка за животна средина. „Зелен развој“ – програмата исчезна ама партијата ДУИ се ребрендираше во единствената блискост со зеленото, а тоа е бојата на парите. Вашето министерство треба да биде во тесна корелација со министерството со економија, за да има барем малку реализација и тек на проекти. А, деновиве гледаме само нарушување на внатрешната комуникација и соработка што ја имате“, нагласи пратеничката.

Таа посочи дека министерката за животна средина изјавила дека на седница на Влада била измамена и лицемерно се појавила на протест против рудникот во Иловица.

— реклама —

„Вчера министерот Бектеши побара од Вас да ја повлечете изјавата или поинаку кажано да му се извините. Прашањето ми е конкретно, на кого ќе се извините на народот кој го прелажавте, или на министерот што го обвинивте дека ве злоупотребил за неиформирано да гласате на седница“, запраша пратеничката Стаменкоска Трајкоска.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања