Промени тема
Контакт

Стаменкоска Трајкоска: Заканите од советниците од политичката партија Левица не можат да ги запрат резултатите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryfopac3jqr80l5ltDa9i

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, обвини советници од политичката партија Левица за, како што наведе, провокации, закани и обиди за доведување на јавноста во заблуда, нагласувајќи дека тоа нема да ги запре проектите што се реализираат во општината.

Во своето обраќање, Стаменкоска Трајкоска директно му се обрати на советникот Петар, кого го обвини дека преку објавување снимки и вадење асфалт создавал „театар“ пред граѓаните.

— реклама —

„Нема да паднам на вашето ниво и на вашите провокации и на вашите закани“, рече таа, притоа изнесувајќи тврдење дека ѝ било заканувано по нејзините деца.

— реклама —

Градоначалничката оцени дека ваквото однесување придонесува граѓаните да се чувствуваат несигурно, додека, како што истакна, Општина Кисела Вода интензивно работи на повеќе проекти.

— реклама —

Таа посочи дека изградбата на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ е при крај, иако рокот за завршување бил до следната година. Како пример го посочи и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, каде што, според неа, се создадени услови за едносменска настава со изградбата на дополнителни училници.

„Многу проекти за кои навистина со гордост како градоначалник можам да кажам, наместо да бидат завршени во 2027 година, тие се завршени предвреме. Така се работи за граѓаните“, порача Стаменкоска Трајкоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања