Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Стаменковска: Полнењето на јавната администрација мора да заврши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација е должно, најдоцна до 1 октомври за периодот јануари - јуни во тековната година, односно најдоцна до 1 март за периодот јули – декември во претходната година, да изготви и да достави до Владата на Република Македонија полугодишен извештај за реализација на годишните планови кој содржи податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција, истакна Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Бараме да се објави извештајот согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, пред целата македонска јавност, да не се шпекулира и со тоа ќе ги демантирате нашите тврдења дека се работи за поткуп на гласачи!

Дополнително ви укажуваме дека во јавниот сектор може да се пополни работно место преку склучување на договор за вработување на определено работно време исклучиво заради:

  • замена на привремено отсутен вработен, кој е отсутен повеќе од еден месец,
  • привремено зголемен обем на работа,
  • непредвидливи краткотрајни активности што се јавуваат во вршењето на претежната дејност на работодавачот,
  • работа на проект.

Во овој период единствено имате зголемен обем на партискиte трибини кои не се предвидени со закон и останува ПОТКУПОТ како единствен мотив за сите вработувања на определено време.

— реклама —

Министерот Манчевски не ги знае годишните планови за вработување во институциите кои му се обврска согласно закон, но знае дека институциите ќе распишуваат многу огласи за вработување на определено време на почеток на новата година.

Најлошото кај власта е отсуството на срам без разлика колку пати ќе излажете!

— реклама —

Дополнително веќе неколку дена до отпочнувањето на оваа прес конференција надвор од употреба е и интернет страницата на Агенцијата за администрација, која има законска обврска да ги пренесува полагањата на идните административци. Очигледно транспарентна постапка не им одговара за партиски вработувања па страната е надвор од употреба.

Полнењето на јавната администрација и злоупотребата на институциите мора да заврши.

Обновата на Македонија ќе го врати достоинството на административните службеници и довербата во институциите, истакна Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања