Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Стаменковска Стојкоски: Власта во системот лани се преброени само 78.320 административци, а според МИОА има 132.068 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Nevenka-Stamenkovska-Stojkoski

СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски се на прав пат да ја опустошат Македонија и да ги разораат институциите. Гарант за тоа е нивната неспособност, корумпираност и неработење. Според извештајот на Државната ревизија, Министерството за информатичко општество и администрација троши милиони евра за софтвер кој воопшто не го користи. МИОА воопшто не го користи софтверот за управување со човечки ресурси, набавен уште во 2014 година, во кој треба да се внесат сите вработени во јавниот сектор во Република Македонија, истакна Невенка Стаменковска Стојкоски.

Иако лани за него се потрошени 343 илјади евра, а годинава се планира да се потрошат уште 813 илјади евра, Заев и Манчевски одлучуваат дека не им треба и воопшто не го користат.

— реклама —

Во предизборието во 2016 година ветија дека ќе даваат месечни извештаи за бројот на  вработени административци, но последната официјална информација којашто е објавена на страната на МИОА е од декември 2017 година.

— реклама —

Поради неажурноста и неработата на власта во системот лани се преброени само 78.320 административци, а според информациите на МИОА во јавниот сектор лани склучиле работен однос дури 132.068 лица.

— реклама —

Како по правило, на Заев и на неговите послушници секогаш некој друг им е виновен. Овој пат сакаат да ги наместат обичните административци. Во ревизорскиот извештај стои дека  причината за невнесувањето на податоците е поради неажурноста од страна на вработените во институциите.

Затоа јавно го прашуваме министерот Манчевски дали невнесувањето на податоци во системот е со цел да  се сокрие вистинската бројка на административци која во изминатиов период значително се зголеми!?

Дали СДСМ ги крие партиските вработувања, кои пред избори засилено се спроведуваат и со кои се полни јавната администрација со партиски војници!?

Дали за овој пропуст и неажурност од страна на институциите со кои раководат кадрите на СДСМ, Манчевски ќе понесе одговорност?

Повеќе од јасно е дека владата на  СДСМ и Манчевски се неспособни да управуваат еден софтвер, а не пак министерство или држава.

Република Македонија со  СДСМ, Заев и Манчевски е на погрешен пат и затоа e време  да си заминат. Доаѓа време на работа и грижа како за граѓаните, така и за институциите и  државата.Доаѓа обнова на Македонија, истакна Невенка Стаменковска Стојкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања