Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Стаменковска Стојковски: Загрижува нагласената партизација и десетиците отворени огласи за стотици нови  вработувања во пресрет на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Nevenka-Stamenkovska-Stojkoski

Денес е првиот работен ден во Министерството за информатичко општество и администрација. Она што вистински загрижува е нагласената партизација и десетиците отворени огласи за стотици нови  вработувања во пресрет на изборите, истакна Невенка Стаменковска Стојковски, Дополнителен заменик министер во МИОА.

— реклама —

Партизацијата е едниот проблем, но она што претставува вистински дополнителен проблем е токму непотизмот. Заразата од непотизам прави дисторзија на квалитетот на кадрите и дава шанса на роднините и пријателите пред сите други квалитетни кадри.

Како дополнителен заменски министер објавувам дека ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување кои се актуелни во последниов период. Имаме сознанија за незаконски постапки при вработување и мојата цел е да не се загрози европската перспектива на Македонија преку нарушениот предизборен период во кој поткупот на гласачи преку масовната партизација на администрацијата.

— реклама —

Моето инсистирање на законито работење не е обструкција на политиката на вработување, туку напротив, да ставам точка на непотизмот, неквалитетот и партизацијата во институциите. Тоа е и од постулатот на моето работење, борба против непотизмот, борба против партизацијата на администрацијата и време е во администрацијата конечно да дојдат квалитетни кадри, кадри кои што се обучени, кадри кои што треба да ја водат Македонија напред во Европската Унија, истакна Невенка Стаменковска Стојковски, Дополнителен заменик министер во МИОА.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања