Промени тема
Контакт

Стана ли СЈО приватна фирма: Обвинителките ги тресат до гаќи, Катица Јанева не е осомничена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Коментари
SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Да сумираме. Сињора Кејти Џен не е осомничена, за Русковска и Јовковски она е сведок, и покрај тоа што е директно инволвирана во ,,Рекет" (комуницира со осомничен на СЈО на мобилен на притворениот Јовановски и му вели на Орце Камчев : ,,се`ќе биде ок". И навистина се' беше ок, Камчев си доби пасош назад за некое време, а сега више никој не знае дали е во земјава)

И не само тоа. Не е осомничена, камоли притворена и за случајот ,,Поштенска банка", каде по нејзин налог замрзнува имот, но остава еден стан на ,,Орце Николов", кој потоа го купува нејзин пријател за ниска цена, екс директорот на МЕПСО, Сашо Василевски (експресно разрешен по притворот на Боки 13 и оставката на Јанева)

Туку, таа денеска се појави рака под рака со Стеван Павлески, нарекувајќи го правен КОНСУЛТАНТ, иако човекот е адвокат на луѓе кои се осомничени токму од СЈО (на луѓе од другата страна)

И токму тој, пред камери ја подучува да не дава изјави, не била на распит !?

Не знам..можеби СЈО во меѓувреме станало приватна фирма !?

— реклама —

Сињорава, која за 4 години имаше Буџет од околу 10 милиони евра, не е више во его на народна поданичка која ја плаќаат даночни обврзници, можда до толку е осилена да е во филм дека на мајка и` е институцијата, па она ќе бира како и што ќе објаснува на јавноста.

Како и да е. Поминаа 2 месеци, телефоните еве уште се вештачеле, сињора си го води СЈО уште, обвинителкине ги тресат до гаќи, а они си ќутат, не им текнува на оставки среде кошмар, Заев уште не дал објаснување како му избега Груевски..

— реклама —

Чек..Груевски.

Никаде го нема. Се изгуби.

Што стана со чУеков, со сите негови недочитливи досадни писанија и стикерчиња ? Па, ни Илинден не честиташе на нацијата. Толкав патриот, а заборави на Илинден.

— реклама —

 

Пишува Јорданка Јовановска-Јоци на Фејсбук

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања