Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Стандардите за безбедност во цивилното воздухопловство се важни во насока на поголема атрактивност за одржување на економскиот просперитет на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
25072019_PVRSM_Zaev_Sredba_Sugareski_Tuntev_Ki_2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев, денеска, се сретнаа  со Патрик Ки, извршен директор на Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА).

На состанокот, позитивно беше оценета соработката  меѓу ЕАСА и АЦВ, во насока на  промовирање и постигнување на највисоките заеднички стандарди за безбедност во цивилното воздухопловство.

— реклама —

Соговорниците ја истакнаа исклучителната важност на усогласеноста на домашната законодавна регулатива со меѓународните стандарди во соодветната област.

— реклама —

Се разговараше и за активностите кои Агенцијата за цивилно воздухопловство ги презема во однос на  почитувањето на условите за безбедност како предуслов за овозможување ефикасен и одржлив воздухопловен развој на државата.

Беше истакната важноста на соработката во поглед на едукацијата и стручното усовршување на воздухопловниот кадар, во насока на континуирано почитување на условите и стандардите, со цел, достигнување на поголема атрактивност за остварување на економски стабилен и просперитетен воздушен сообраќај и транспорт.

— реклама —

 

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања