Станува се посериозно: Пожарот помеѓу општина Дојран и Богданци брзо се шири поради ветрот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
01FC77C1-6E50-41F0-9AED-8FC11909DFC2

Пожарот кај село Фурка се интензивира и побарано е хеликоптерска интервенција во гасењето на истиот.

— реклама —

Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци - Дојран во ширина од 300 до 400м.Гори деградирана шума-прнар а на места има и борова шума. Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата Градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија. На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе се движи кон Општина Богданци.

— реклама —

Ангажирани сили и служби

— реклама —

ТППЕ Гевгелија со 10-14 пожарникари и 3 пп м.в. , Доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода,Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, ЈПНШ Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП Возило и 3 пожарникари,ДЗС-Валандово со 1 Возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања