Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Старбакс“ се откажа од системот со вештачка интелигенција за следење залихи по само девет месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library6fqc9rt19s8n6bVclqc
Photo by Athar Khan on Unsplash

Старбакс се откажа од алатката со вештачка интелигенција што требаше автоматски да ги следи залихите во кафулињата, само девет месеци по нејзиното воведување низ Северна Америка, објави Reuters.

Системот „Automated Counting“, базиран на вештачка интелигенција, требаше да помогне во управувањето со залихите, навременото нарачување производи и поддршката на вработените при подготовка на пијалаци.

— реклама —

Но, според извештаите, апликацијата често грешела при пребројувањето и означувањето на производите. Меѓу проблемите било и мешањето на различни видови млеко или целосно непрепознавање на дел од производите.

— реклама —

Во интерен допис до вработените, компанијата соопштила дека системот повеќе нема да се користи.

„Залихите на млеко и состојки за пијалаци отсега ќе се пребројуваат рачно, како и останатите категории инвентар во кафулињата“, се наведува во дописот.

— реклама —

Извршниот директор Брајан Никол претходно ја посочуваше технологијата како клучен дел од стратегијата за подобрување на работењето, а недостигот на состојки во продавниците го оцени како една од причините за падот на прометот.

— реклама —

Од „Старбакс“ сега велат дека одлуката е дел од процес на „стандардизација“ на следењето на залихите во сите кафулиња и најавија почесто дополнување на производите, дури и на дневно ниво.

Компанијата зад апликацијата, NomadGo, соопшти дека продолжува да учи од повратните информации од клиентите за да ги подобрува своите производи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања