Стартува новата учебна година, сите учебници се обезбедени и ВИ влегува во образовниот процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
IMG_4387

Денеска официјално започна новата учебна година за 245.000 ученици ширум државата – 177.800 во основното и 67.200 во средното образование. Наставата ќе трае до 10 јуни, а за матурантите ќе заврши порано, на 15 мај.

— реклама —

Министерката за образование, Весна Јаневска, изјави дека сите ученици годинава ќе учат со обезбедени учебници, вклучувајќи ги и оние по странските јазици.

— реклама —

Паралелно, стартува и новиот електронски дневник со подобрени перформанси, кој ќе им овозможи на наставниците полесно и во секое време да внесуваат податоци.

— реклама —

„Вештачката интелигенција влегува во наставниот процес. Подготвен е прирачник за наставници и ученици со конкретни насоки за етичка и ефикасна примена на новите алатки“, нагласи министерката.

Со години присутниот проблем со недостиг на образовни асистенти, според Јаневска, ќе се ублажи со нови ангажмани. Во основните училишта ќе бидат распределени 1.346 асистенти, а во средните – 130.

Новина оваа учебна година е и формалното образование за децата кои се на долготрајно болничко лекување. Тие, зависно од здравствената состојба, ќе може да следат настава онлајн заедно со своите соученици или индивидуално со наставник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања