„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Стартува новиот мобилен оператор во земјава со префикс (074) - без обврзувачки договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mobilen-telefon

Денес, на 22-риот роденден, кабелскиот оператор Телекабел го најави стартот на новата услуга - мобилна телефонија.

— реклама —

Веста ја објави на социјалните мрежи Роби Телекабел, сопственикот на познатата кабловска телевизија која ќе оперира и во мобилната телефонија преку префиксот 074.

Како што пишува сопствениот, ќе се нудат пакети од 300, 500 и 1500 денари/месечно. Пакетот од 300 денари нуди 200 минути кон сите мрежи и 1 гига интернет, тој од 500 денари нуди 10 гигабајти интернет и неограничени разговори, додека пакетот од 1500 денари нуди неограничени разговори и неограничен интернет во мобилната мрежа. Цената на смс пораките ќе биде 3 денари.

— реклама —

https://www.facebook.com/telekabel/posts/2170025859728422

Продажбата на пакетите започнува на 21 јануари, информира сопственикот на познатата комуникациска компанија.

Инаку на денешен ден пред 22 години, беше направен првиот кабелски приклучок. Следуваа години на постојан развој, ширење на кабелската мрежа во 13 градови, старт на првиот кабелски интернет, фиксна телефонија, оптика до секој дом.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања