Стартуваше второто издание на кампот на Реал Мадрид Фондацијата во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт
14

Вториот интернационален камп на Реал Мадрид Фондацијата вчера и официјлно беше отворен во Охрид. Добредојде на децата им посака носителот на лиценцата Влатко Тодев и менаџерот на Реал Мадрид Фондација, г-динот Карлос Касиљас Санчез .

— реклама —

"Драго ми е што сме овде во Македонија и што со нашите тренери од Мадрид, Хуан Андрес Гонзалес и Жоакин Валерио ќе Ви пренесеме дел од фудбалското искуство кое ќе ви овозможи нови знаења. Ќе учиме фудбал, а секојдневно преку едукативните предавања ќе ги имплементираме и основните вредности кои се темел на работата на нашата Фондација. Тоа се лидерство, тимска и напорна работа, почит и самоконтрола." изјави Санчез.

— реклама —

Нашите мадридисти се сместија во хотел " Аквалина", подготвени за ново искуство тие ја добија и својата оригинална опрема од Реал Мадрид. Денот им започна со индивидуалнон и групно фоторгафирање, а според правилата на Фондацијата, беше одржано и првото предавање на тема лидерство. На отворањето беше прочитано и писмо од општина Охрид во кое се изразува поддршката и реализација на визијата која кон овој камп ја даде прерано починатиот градоначакник Стојаноски.

— реклама —

Во прилог Ви праќаме писмото на Општина Охрид, во чије име на децата интегрално им го пренесе преставникот на Спорт Арена, г. Влатко Тодев.

Со тренинзи тимот на тренери од Шпанија стартуваше во попладневните часови, со традиционалните тест натпревари за согледување на квалитетот со кој располага секој кампер одделно. Децата се поделени во групи според возраст и според фудбалското искуство кое го поседуваат

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања