„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Статус на еден татко: „Татковците да ги научат синовите - жената не е трофеј, љубомората е болест, и „не“ навистина значи „не“!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Коментари
rosica

Андреа Јанков, кандидат за советник во Град Скопје од „Левица“, за последниот фемицид во Велес, за убиството на Росица Коцева, со статус на Фејсбук проговори како татко – со апел до родителите да ги научат синовите дека жената не е трофеј, љубовта не е поседување, а „не“ навистина значи „не“.

— реклама —

-Како татко на син, знам дека татковството носи со себе огромна одговорност, не е мое само да го нахранам, облечам и испратам на училиште, туку пред се да му покажам што значи да се биде човек и маж.

Фемицидот кој се случи во Велес, покрај неспособноста на институциите, е последица и на невоспитаноста на деца кои подоцна растат во емоционално нестабилни луѓе, кои не разбираат што се граници, и кои не сфаќаат кога „не“ навистина значи „не“.

— реклама —

Ние, татковците и мајките, сме првите што мора да ги научиме синовите:

-дека жената не е трофеј или предмет

-дека љубовта не е поседување

-дека посесивноста и љубомората се форми на болест, а не љубов

-дека достоинството на друг човек не смее да се гази заради моментална страст

-дека не постои оправданост за насилно однесување во случај на одбивање

Мора да ги научиме дека да сакаш некоја личност значи да ја оставиш слободна, а не да ја врзеш со синџири од љубомора.

Јас го учам мојот син дека силата на мажот не е само во мускулите, туку во способноста да ја контролира својата агресија. Дека успехот и големината на мажот не се мери со бројот на девојки кои ќе ги има, туку со почитта што ќе ја добие од луѓето околу него.

Затоа родители, разговарајте со вашите синови за љубовта, за границите, за почитта. Подобро е навидум непријатен разговор дома, отколку трагедија надвор.

За подобра иднина, да се погрижиме децата да не ни бидат слепи слуги на своите нагони, туку емпатични битија кај кои императив во однесувањето ќе им биде благосостојбата на другите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања