Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Ставена е точка дека становите се мотив“ – Туфегџиќ зборуваше за укинатата пресуда за таткото на Вања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
vanja-gjorcevski-aleksandar-

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, по одлуката на Апелациониот суд да ја укине ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, оцени дека во образложението на второстепениот суд има две особено важни констатации – дека нема докази за комуникација на Ѓорчевски со обвинетите и дека прашањето за становите како можен мотив за кривичното дело е затворено, пренесе Телма.

„Прво, Апелациониот суд потврди дека нема докази дека Александар бил во комуникација и конекција со ниту еден од обвинетите. И втора работа, конечно е ставена точка на прашањето за становите како мотив за извршување на кривичното дело, а без мотив обвинението против Александар нема апсолутно никаква смисла“, изјави Туфегџиќ.

— реклама —

Тој изрази загриженост за дел од образложението на Апелациониот суд во кој, според неговото толкување, се бара да се утврди поврзаноста меѓу настаните од 24 и 27 ноември, како и околностите под кои била донесена одлуката за повторно грабнување на девојчето.

Според адвокатот, ваквото барање навлегува во делот од пресудата што се однесува на веќе осудените лица и нема правна логика да биде предмет на повторената постапка против Ѓорчевски.

— реклама —

Туфегџиќ се осврна и на оценките за однесувањето на Александар Ѓорчевски, посочувајќи дека судиите треба да ги земат предвид околностите во кои се наоѓале тој и Зорица.

— реклама —

„Сите пет судии од Апелациониот суд, пред да ја донесат одлуката, за да ги добијат одговорите за разумно или неразумно однесување на Александар, треба само за момент да се стават во улога на Зорица и на Александар“, рече адвокатот.

Тој нагласи дека членот 6 од Европската конвенција за човекови права бара судските пресуди да содржат јасни, категорични и непротивречни заклучоци, но смета дека Апелациониот суд можел самиот да интервенира доколку утврдил недостатоци во образложението.

„Доколку Апелациониот суд сметал дека тоа не е направено во доволна мера, можел истото да го исправи, односно да интервенира по тој дел, а не да го врати предметот на повторно разгледување и одлучување“, изјави Туфегџиќ.

Со укинувањето на ослободителната пресуда, предметот против Александар Ѓорчевски се враќа на повторно судење, а неговиот адвокат останува на ставот дека обвинението нема доволна доказна основа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Не се најде пиштолот со кој Палчо ги уби Вања и Панче - запрена истрагата против вработениот во Народна банка оти немало докази

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
palevski-obvineti-vanja

Апелација ја потврди доживотната пресуда за убиствата на Вања и Панче, на таткото Александар пак ќе му се суди

Македонија | пред 3 месеци

palco

(Видео) Адвокатот на Палчо бара одново да се суди убиството на Вања и Панче, па тврди дека тој е невин

Настани | пред 5 месеци

vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања