Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Сте виделе дека некој е казнет за злоупотреба на возило? Немаат страв, алармира Ивановска за користење службени канцеларии и автомобили за приватни потреби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
17032022_PVRSM_Kovacevski_Trkalezna-masa_2

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, во заминување, посочува дека вината за злоупотребите на канцеларии за партиски цели и автомобили за приватни потреби е во неказнивоста. Според неа, вина има и кај премиерот кој не отповикал ниту еден министер, што значи замижал на злоупотребите. Од 200 кривични приајви во 20 години излегле од ДКСК, а ниту една не стигнала до суд.

„Повеќепати досега сме кажале за злоупотреба на службени возила и за злоупотреба на канцеларии, кога држеле состаноци кои не се однесуваат на институцијата во која се држени - како што знаете и вие и ние, тие фунцкионери биле предупредувани. И резултатот е тој (нови злоупотреби) кој го гледаме. Што значи предупредувањата не се доволни, треба да се има поригорозни мерки“, рече Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

— реклама —

Според неа, неказнивоста носи нови злоупотреби.

— реклама —

„За што сте виделе вие дека некој е казнет, за злоупотреба на возило? Немаат страв. Ние дадовме предлог, сите службени возила да бидат во една боја, на пример регистрациите да бидат обоени како таксистите. Но да бидат во една боја, за граѓаните да следат како се движат функционерите, дали се користат за службени цели или не. Таа активност не се спроведе, затоа што не сакаат да се знае како се злоупотребуваат возилата“, додаде таа.

— реклама —

Ивановска е децидна дека ако не се почитува еднаш изречена мерка за злоупотреба, треба да делува премиерот.

„Зошто премиерот не отповика некој министер кој злоупотребува? На тој начин се руши имиџот на Владата“, рече Ивановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања