Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок изјави дека Скопје и Тирана треба да се третираат одделно кога станува збор за започнување преговори со ЕУ. – Проширувањето е повторно на агендата во октомври.
– Проширувањето е повторно на агендата во октомври. Среќен сум што одговорив на прашањата што ми беа поставени, но нема да има изненадувања бидејќи ставот е ист како што разговаравме пред летото. Верувам дека Северна Македонија и Албанија треба да се оценуваат одделно, затоа што тие се две различни земји со различни проблеми и различна прогноза. И порано кажав дека нивото на напредок во Македонија е поголемо отколку во Албанија, изјавил министерот Блок на седница на Комисијата за европски прашања, пренесува тиранската телевизија Топ чанел
Според него, Албанија е друг случај кога се споредува со Македонија.
– Мислам дека Албанија ќе може да започне преговори веднаш штом ги исполни критериумите. Но, сеуште не е моментот, рекол Блок, пренесува Топ чанел.