„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Стефан Богоев се сретна со проектантот на салата „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан)

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Slika-sostanok-Bogoev-Dimitrov

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се сретна со проектантот на салата „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан), истакнатиот македонски архитект, Трајко Димитров, кој припаѓа на првата генерација архитекти запишани на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје.

— реклама —

Општина Карпош ја започна иницијативата за спас и обнова на „Партизан“, но овој процес се  води темелно, со вклучување на повеќе засегнати страни, институции и личности кои придонеле во изградбата и афирмацијата на овој култен спортски објект.

Градоначалникот Богоев и архитектот Димитров разговараа за актуелните состојби со салата, при што, по доделувањето на објектот во владение на локалната самоуправа ќе се започне со подготовка на анализа за постоечката состојба.

— реклама —

Архитектот Димитров има богато исуство во проектирањето објекти од општествен карактер, со посебен акцент на спортски објекти како на пример базенот „Младост“, Кошаркарската сала „Работнички“ во Градски Парк и др. На средбата се зборуваше за начинот на кој е градена салата „Партизан“, квалитетот на градбата и функционалноста на објектот.

„Ова е начинот на кој треба да се пристапи кон ревитализацијата на старите и запуштени објекти дадени под концесија. Да ја вклучиме и стручната јавност, архитектите кои ги создавале овие важни објекти за Скопје. Од овие луѓе има многу што да научиме, како да се задржи автентичноста на овие култни објекти и како повторно да заживеат“, рече Богоев.

Во текот на денешниот ден, во посета на Општина Карпош беа и претставници од меѓународната невладина организација „Културно ехо“, кои работат на проект за мапирање на запуштени објекти и иницијатива за нивна обнова.

„Партизан“ е токму таков пример. Тие со градоначалникот Богоев зборуваа за начините на финансирање на обновата на „Партизан“ и воспоставување партнерство со Општината за аплицирање на повик за добивање на средства за оваа цел.

Постои вистински ентузијазам и волја „Партизан“ повторно да биде успешна приказна

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања