Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Стефанова: Ме викна Јанева и ми рече „Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев и приговори неќам!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
stefanova-lile-katica-janeva

Обвинителката Лиле Стефанова во моментот сведочи на денешното рочиште за случајот “Рекет”. Таа на почетокот од своето сведочење кажа дека не е скарана со јанева, туку дека не е во добри односи.

— реклама —

Стефанова кажа декаКатица Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите, барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори.

„Еднаш не викна мене и обвинителот Бурим и рече: „Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев и приговори неќам! И ти Лиле и ти Бурим, да земете да направите извештај колку штета треба да се плати во ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ и да се плати штетата и тука да се затвори предметот“ рече Стефанова.

— реклама —

Според Стефанова Јанева и посочила дека треба да му помогнат на Дејан Панделески колку што можат.

„Пристигна Дејан, а потоа наеднаш и Катица Јанева која кажа дека човекот е дојден за да се види што може да му помогнат, како да се врати имотот, да се одмрзне сметката. Како да му е адвокат. Не сакајќи да влезам во конфликт со Јанева и кажав дека ќе одам на одмор, а за предметот после август ќе видиме“, истакна  Стефанова.

фото:Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања