Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Стефковски на уривање дивоградба: Заштита нема за никого

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Денеска, инспекциските служби на општина Гази Баба со асистенција на Министерството за внатрешни работи изврши рушење на бесправно изграден деловен објект во населеното место Инџиково, известува Општината.

— реклама —


— реклама —


На рушењето, покрај инспекциските служби, присуствуваше и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.


— реклама —

„Никој не е над законот. Нема да дозволам урбаната мафија да дивее во општина Гази Баба. Компромис со спроведување на законот ниту сум правел ниту ќе правам. Апелирам до граѓаните да се почитуваат законите за да немаме вакви непријатни ситуации. Тука нема да застанеме“, порача Стефковски.


— реклама —

Градбата на овој деловен објект инспекциските служби на општина Гази Баба ја утврдија на почетокот на август, при што беше изречена мерка за затворање на градилиштето, што  лицето не ја почитуваше и продолжи со градба. Во согласност со законските одредби, службите донесоа решение за отстранување на објектот, а кое денес беше извршено, соопштува Општината.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања