Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Стефоска: Сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од УНЕСКО, не амнестирам никого од одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Stefoska

Со вонреден напор и под голем притисок кон комисиите, успеавме да ги селектираме најдобрите проекти за кои единствен критериум беше квалитетот, рече министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната прес-конференција за резултатите од годишниот конкурс за проекти од национален интерес од културата.

— реклама —

На конкурсот биле пристигнати рекордни 6.352 проекти, а вкупниот буџет изнесувал 11 милиони евра.

— реклама —

– Знам дека оваа прес-конференција најмногу ја очекуваат уметниците и културните работници. Сакам да нагласам дека буџетот ни е намален за 3 милиони евра од причини за недомаќинско работење во минатото. Значи, доделени се толку средства со колку што располагавме, односно 11 милиони евра и ние нема да го пречекориме овој буџет – рече Стефоска.

— реклама —

Што се однесува на препораките на Унеско, министерката вели дека за да одговориме на препораките и барањата на центарот за заштита на свесткото култрно наследство од УНЕСКО, одговорноста мора да ја понесеме сите.

„ Охрид и охриидскиот регион мора да стане национален стратешки приоритет, точка на обединување, и само така сите заедно можеме да одговориме на препораките и барањета од Центарот за светска заштита на УНЕСКО. Не амнестирам никого од одговорност, но за жал има институции кои не си ја завршуваат работата“ рече Стефоска.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања