„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Штекли тврди: Бев желка во минатиот живот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
rade-stekli

Судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска се најде пред клучна дилема: дали тој е ментално способен да учествува во постапката. Пред судот беа презентирани две целосно спротивставени психијатриски вештачења, оставајќи го судот да одлучи за неговата процесна способност.

— реклама —

Одбраната, преку наодот на психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, тврди дека Трајковски е психотичен и покажува шизофрени карактеристики. Според ова вештачење, верувањето на обвинетиот во реинкарнација и постоењето на имагинарен учител кој му дава насоки, го прават неспособен да ја следи судската постапка.

— реклама —

Спротивно на ова, вештакот на обвинителството изнесе наод дека кај Трајковски не е нотирана психоза, ниту за време на прегледот, ниту во минатото додека бил во притвор. Според овој експерт, иако Трајковски имал „паранормални искуства“, како што е изјавата дека во минат живот бил желка, тој е целосно способен да учествува во судењето и да ја изнесе својата одбрана.

— реклама —

Додека трае битката со вештачења за лидерот на групата, случајот за останатите обвинети се разјаснува. На денешното рочиште, четворица од нив признаа вина. Ова следува откако претходно уште седуммина се спогодија со обвинителството за затворски казни од 3 до 5 години, со што бројот на обвинети кои се судат заедно со Трајковски се сведе на шестмина.

— реклама —

Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи двајцата вештаци пред да донесе одлука дали ќе прифати еден од наодите или ќе нареди ново вештачење. Судењето за овој случај, во кој Трајковски е во притвор од јануари по апсењето кај Гевгелија, ќе продолжи во октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања