Промени тема
Контакт

Штерјова: Новите членови на Управните одбори со срамни стручни биографии а богати партиски сивија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-library0isa29qnifii7pTLcSC

Советничката од СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, која е член на Мандатната комисија, посочи дека е точно дека биографиите на новите 117 членови на управните и надзорнитр членови им биле поделени на членовите на Комисијата, но требало да ги добијат сите советници за да видат дека се работи за партиски кадри и дека местата се пополнуваат со луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и од другите коалициски партнери.

„Кандидати за советници на листите на ВМРО ДПМНЕ во општините и во Градот Скопје, партиски членови, донатори на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, фамилијарни врски со високи партиски функционери, цели партиски фамилии кои се вдомени во државни институции на високи позиции, се дел од предлозите.Дали овие лица се поставени таму за јавните претпријатија да служат за партиската агенда, а не за интересите на граѓаните? Како ќе објасните дека оваа кадровска понуда е водена од јавниот интерес?Со ова очигледно сакате да се оддолжите кон вашите членови од штабовите, срамни стручни биографии, наспроти богати партиски сивија”, рече Штерјова.

— реклама —
— реклама —

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски тврдеше дека никогаш не одлучува партиски, дека сите се кандидати имаат професионално и стручно искуство, за кои уверува дека ќе ги решаваат проблемите во јавните претпријатија.

— реклама —

„Јас никогаш партијата не ја ставам пред интересите на граѓаните”, рече градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

СДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата

Македонија | пред 7 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски договорил дата центи – само кога граѓаните би знаеле со кого?

Македонија | пред 1 ден

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Стоилковиќ го велича Младиќ, Мицкоски да одговори дали тоа е став на Владата

Македонија | пред 1 ден

BKuzeska3

Кузеска: СДСМ ги поддржува телевизиите, институциите да ги испитаат сомнежите за Euronews и „Ало“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања