Дојавите за поставени експлозивни направи не не одминаа како општина. Попладнево на меил адресите на училиштата стигнаа заканите, пишува градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој додава:
Во меѓувреме, спроведени се сите протоколи за вакви состојби и планот за евакуација. Делуваме координирано со командирот и службениците од ПСОН Ѓорче Петров на терен во сите училишта.
Учениците и наставниот кадар се безбедни.
Апелирам на смиреност и почитување на насоките на надлежните при вакви несакани прилики.