Стигнува студентска револуција: Фрлете оделата, дојдете на барикадите за подобар студентски стандард, ве сакаме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
Screenshot-2022-11-14-231059

Давид Златанов преку социјалните мрежи испрати отворено писмо до Уинверзитетското студентско собрание - УКИМ. Тој ги повика да ги фрлат оделата и да дојдат на барикадите за подобар студентски стандард.

— реклама —

„Сите сме сведоци на разрушеното високо образование, за кое сме слушнале на предавањата од професорите, на улица и сами сме осетиле на своја кожа... Денес имаше протест пред собранието за студентскиот оброк, во име на студентите преговараа УСС, од кои повеќето се со искрена желба за подобро и поквалитетно образование, се надевам. УСС е студентско собрание кое треба да биде прво на барикадите и најжестоко да се спротиставува на власта и да се бори за подобар студентски стандард.

— реклама —

Но, сите сме свесни дека одредени претставници на УСС кои денес беа присутни, се во многу блиски односи со актуелната власт, ги гледаме заедно по слики,патување и сорос трибини, па дури и се спомнуваат некакви роднински врски. И тоа не е некој голем проблем, проблемот е во тоа што тие се послушни и успеваат од се ова да направат пиар на власта, не тврдам ама можно е ова и да е смислено сценарио. И јас и вие сме свесни дека студентскиот оброк е само дел од проблемот во високото образование, проблемот со студентските домови е уште тука, проблемите со превисоки цени на книги, несигурната иднина после завршување на високо образование, иселувањето на високообразованите млади и уште низа други работи не се решија после денешното сликање со Таче и министерот за образование. Вие понудивте ,,Закон за студентски стандард", а кога студентите излегоа на улица за да си ги бараат правата се оградувате од протестот и се прчите дека ако има протест мора вие да го организираат, навидум само вие сте студенти и само вие одговарате во име на студентите. Другари сите заедно треба да ја водиме оваа борба ако сакаме да постигнеме успех, не го ситнете отпорот ако сте со искрени намери за промена. Инаку, еве еден интересен предлог до пратениците со кои се гледате секој ден, кажете им да излеземе од НАТО и парите од тоа да се применат за бесплатно образование од градинка до факултет.

— реклама —

Срамота е млади луѓе да одработуваат за власта, не тврдам дека е така, но зошто вашите ставови ги усогласувате со нивните ?!

П.С. Време е за #СтудентскаРеволуција, фрлете ги тоа оделата облечете дукс и на барикадите за подобар #СтудентскиСтандард, ве сакаме“, стои во објавата

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања