Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Стинг доаѓа во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Sting-sk-artwork

Втората половина на декември е време кога почнуваат новогодишните честитки. Авалон Продукција наместо класична новогодишна честитка со која ќе Ви посака на сите што е можно поубави денови во 2019 година, се потруди директно да Ви овозможи еден убав и посебно специјален ден, велат од Авалон.

— реклама —

„По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во Вип Арената на 15.10.2017 (во рамки на "57th & 9th" турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, „Филип Втори“. Стадионот "Филип Втори" за прв пат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting!

Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best off tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.  „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.

— реклама —

Иако звучи неверојатно, сепак е вистинито, Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А листа на изведувачи: Sting, Lenny Kravitz и Eros Ramazzotti“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања