„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Штипјанец се тестирал за коронавирус и без да ги чека резултатите отишол на гости

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona

Штипското Основно јавно обвинителство побара казна за жител на овој град, кој по направен тест на коронавирус, го напуштил домот и отишол на гости.

— реклама —

Обвинетиот не ги почитувал мерките и препораките на надлежните институции бидејќи по земањето брис за утврдување присуство на Ковид-19, бил предупреден дека треба да остане во самоизолација сè до добивање на резултатите од тестот.

Но, наместо да седи во својот дом, обвинетиот излегол и отишол на посета кај друг штипјанец.

— реклама —

Тој се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинителството му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања