Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Штипјанка наседнала на измама преку социјална мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
iveqgpr0mxohbhtipzy0

На 28.02.2019 во 15.30 часот во СВР Штип, 54-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од лице кое го запознала на социјалната мрежа Фејсбук на крајот на октомври 2018. Лицето се претставило дека е од САД и дека е војник во Авганистан.

— реклама —

Според пријавеното, во декември 2018 година и кажал дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата-Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.

— реклама —
— реклама —

Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7300 евра и 1590 долари на агенцијата. Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена.

— реклама —

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања