Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Што бараат скопските татковци: Ограничување на градењето куќи, бришење на булевар и згради кои ќе одат во висина место во ширина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Големи се очекувањата на општините од новиот генерален урбанистички план (ГУП) за Скопје кој, место усвоен и во сила веќе една година, сè уште е само во подготвителна фаза. Бришење на јужната обиколница, преиспитување на потребата од булеварот Крушевска Република, ограничување на градењето за да се спречи со дозвола за куќа да се гради зграда, конкретни насоки како да се третираат земјиштата продадени со јавно наддавање, зелен појас покрај Вардар, а веднаш до него и градежен појас по целата должина на реката, зградите да одат ви висина место во ширина и ред други барања веќе се подготвени и чекаат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да ги побара.

Општините се изјаснуваат за делумно консултирани за новиот ГУП, но истовремено и целосно исклучени од подготовките за кои велат дека немаат ниту информација до каде се. Од десетте скопски општини кои се во опфатот на ГУП, на прашањата за планот и соработката со Град Скопје за негова изработка одговорија, само четири. Од општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Карпош  сведочат дека со Град Скопје за ГУП имале средба летово но се разговарало главно за новата урбанистичка блоковска поделба, а од тогаш нема нова активност ниту за подготовките за ГУП ниту околу неговата изработка.

Кисела Вода бара ограничување на градењето за да се спречи со дозвола за куќа да се гради зграда

Во Општина Кисела Вода се револтирани од доцнењето на ГУП. Сметаат дека доцнењето ќе има сериозни последици за секоја од скопските општини оти ги ограничува можностите за развој. Без нов ГУП општините не можат да ги применуваат стратегиите предвидени со развојната програма што сметаат дека е чекор назад во уредувањето на просторот.

„Сметаме дека неработењето на Град Скопје е причина поради која нашата Општина нема никаква информација до каде е процесот кој одамна требаше да биде завршен. Соработката со општините при донесувањето на вакви клучни документи со децениска важност е од исклучителен интерес на нашите граѓани, а до овој момент, од страна на Градот Скопје воопшто не сме консултирани ни околу нашите развојни програми, стратегии и цели. Како општина сметаме дека сериозните проекти, како овој, бараат пред сè работа која треба да биде динамична, транспарентна и стручна. Наспроти тоа, за носење на еден ваков документ има молк, никаква комуникација, што сериозно загрижува и наведува на размислување дали Градот Скопје воопшто нешто сработил“, велат од Општина Кисела Вода.

Барањата на Кисела Вода за новиот ГУП од Општината објаснуваат дека се содржани во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски каде се сместени сериозни стратешки чекори за урбанистичкото планирање.

— реклама —

„Проекти кои се навистина значајни се ограничувањето на бројот на станбени единици при градењето куќи со цел да се спречи изигрување на законот и градење згради на име А1 (домување), потоа проектот за подземно пробивање на јужен булевар, секако неизоставен дел би било имплементирањето на идејното решение за Расадник за кое веќе ни пристигнаа 5 решенија на распишаниот конкурс и сме во исчекување на уште некое кое би стигнало по пошта, бидејќи од досегашното искуство пратките од странство сериозно доцнат “, велат од Општина Кисела Вода.

Убедени се дека нивните барања за новиот ГУП се значајни и овозможуваат развој не само за Кисела Вода туку и за останатите скопски општини.

— реклама —

Дислокација на загадувачката индустрија од населените места е меѓу главните барања за ГУП од Гази Баба

Насоките кои Општина Гази Баба ќе ги даде за новиот ГУП се пред сè заштитата на животната средина, поголем процент  на застапеност на зеленило во рамки на Општината, нови спортски локации, можност за дислокација на загадувачката индустрија вон населените места на Општината, можност за изградба на нова инфраструктура, современ јавен превоз, мапирање и предвидување на нови бизнис и резиденцијални зони како и предвидување на нови индустриски и транспортни зони. Во Општината се загрижени што досега не ја виделе сообраќајната студија за новиот ГУП за да можат да ги одредат приоритетите.

„Сакаме да нагласиме дека ние целосно не сме запознаени со тоа каква ќе биде сообраќајната мрежа во нашата Општина, бидејќи таа се вцртува во новиот ГУП на Град Скопје со изработување на сообраќајна студија. Од студијата понатаму ќе се увиди дали одредени градски сообраќајници треба да се намалат односно зголемат во нивната проточност и дали одредени главни артерии низ нашите населени места ќе претрпат измени или ќе останат исти“, велат од Гази Баба.

— реклама —

Во оваа Општина очекуваат ГУП да понуди нова сообраќајна мрежа, развој на комуналната мрежа која ќе овозможи достојни услови за живеење на секое семејство, но очекуваат и дека со новиот план ќе има поголем прилив на даноци и надоместок од комуналии.

Булеварот Крушевска Република раздвојува историски маала, Центар бара да се преиспита потребата од него

Општина Центар со внимание ги следи постапките за новиот ГУП и прецизно посочува дека постапката за донесување на планот официјално не е почната оти не е одобрена планската програма од Советот на Скопје. Барањата за новиот ГУП им се стокмени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања