Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Што добиваат граѓаните ако денеска се смени законот за ДДВ во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-kovacevski

Предлог измените на Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност ќе се носат по скратена постапка. За него ќе се расправа денеска во 15 часот од страна на пратениците во Собранието. Највите се дека ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира со амандмани, бидејќи сметаат оти измените не се доволни за да се заштити стандардот на граѓаните, а истите доаѓаат откако Владата предложи мерки поради големата криза.

— реклама —

„Со предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност е предвидено намалување на стапката на данокот на додадена вредност, односно ослободување од данок на додадена вредност за определени производи. Исто така се предвидува ослободување од данокот на додадена вредност за природен гас и електрична енергија преку систем за пренос, и воедно се предвидува воведување на механизам за префрлање на даночната обврска на примателот на истите. Дополнително за место на промет ќе се смета местото на примателот на добрата“, стои во законот.

— реклама —

Се очекува предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност да има негативни фискални импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија.

— реклама —

„Со членoт 1 од Предлогот на Законот се уредува местото на прометот со природен гас и електрична енергија прометот со топлинска енергија или енергија за разладување. Со членoт 2 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дава можност на Владата на Република Северна Македонија да го ослободи прометот со право на одбивка на претходен данок на производите за човечка исхрана, за определен временски период во определени услови. Со членoт 3 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дава можност на Владата на Република Северна Македонија да го ослободи увозот со право на одбивка на претходен данок на производите за човечка исхрана, за определен временски период во определени услови. Со предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се ослободува од данокот на додадена вредност увозот на природен гас и електрична енергија преку систем за пренос. Со членот 4 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дава можност на Владата на Република Северна Македонија да примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови. Со членот 5 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се дополнува делот за даночен должник со што се вклучуваат и даночниот застапник како и оданочивиот трговец. Со членот 6 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 година. Со членoт 7 од Предлогот на Законот се пропишува примената на повластена даночна стапка од 10% за електричната енергија за домаќинства да важи од 01.01.2023 до 30 06.2023 годин. Со членот 8 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се уредува влегувањето во сила на овој закон“, стои во законот.

— реклама —

Цел закон

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања