„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Што добиваме, а што губиме преминуваjќи од летно во зимско сметање на времето?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Оваа ноќ (27 кон 28 октомври) започнува  зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад. Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

— реклама —

Но, што добиваме со поместувањето на стрелките за еден час наназад? Добиваме еден час подолго за спиење, но треба да се внимава на влијанието по психата.

Губењето на тие 60 минути попладневна светлина по враќањето на часовникот, зимското сметање на времето може да биде активатор за ментални болести, вклучувајќи и биполарно растројство и сезонско афективно нарушување, попознато како зимска депресија.  Данска студија покажува дека процентот на луѓе со депресија се зголемил за 11 проценти по поместување на часовникот на зимско пресметување на времето.

— реклама —

Инаку практиката  за промена на времето од летно во зимско и обратно, првпат ја вовела Германија во пикот на Првата светска војна, на 30 април 1916 година. Во наредните децении многу земји полека почнале да го прифаќаат овој начин на сметање на времето.  На 26 март годинава Европскиот парламент го усвои предлогот на Европската комисија оваа практика да престане во 2021 година. Каков е ставот на нашата на Влада, дали Македонија ќе го следи примерот на европските земји останува да видиме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања