„Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
PrtScr-capture_3

Истрагата во случајот Рекет е фарса, која има за цел да го одвлече вниманието на јавноста од Зоран Заев и врвот на власта, без кој милионскиот рекет и воопшто не би бил можен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

-Случајот е пријавен уште во април, по што требаше да се случи медиумски притисок за власта да се реши да жртвува две пипки од октопот, Боки 13 и Зоки Кичеец, само со цел заштита на Јанева и Заев. На Јанева смислено и беше оставен 1 месец откако беа уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец, за истата да има доволно време да сокрива докази и да влијае врз сведоци и истрагата, како би се уништиле трагите кои водат кон неа к кон главата на октоподот – Зоран Заев. После месец дена откако Јанева е во притвор, истрагатa тапка во место. Нови приведени нема. Има само најави од владата за формирање тим и наводна акција на УЈП со задоцнување од три месеци, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат“?

— реклама —

-Дали се работи за тоа каде завршувале парите и за што тие биле трошени!? Дали се крие дека можеби парите завршиле на Илинденска и со нив е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!? ЈО со ваквиот начин на работа само дополнително се компромитира. Граѓаните очекуваат ефективна и ефикасна истрага. Импровизации на сметка на правната држава не смее да има. Никој, па ни Заев не смее да биде поштеден. За нормално функционирање на државата потребен е пад на оваа власт. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања