Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со „Некст тајм“, Пејчиновски, Кировски, Везилка

Сто години од раѓањето на Мерилин Монро: Од сиропиталиште до бесмртна холивудска икона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library914so37l8pp5fwzFmaj

На денешен ден, пред точно 100 години, е родена една од најголемите филмски икони на 20. век, Мерилин Монро.

Родена како Норма Џин Мортенсон во Лос Анџелес, таа имала тешко детство, поминувајќи низ повеќе згрижувачки семејства и сиропиталишта. На само 16 години стапила во брак со полицаецот Џејмс Дохерти, а подоцна почнала да работи во фабрика каде што била забележана од фотографот Дејвид Коновер.

— реклама —

Токму тоа бил почетокот на нејзината кариера како модел, по што следувале и првите договори со холивудските студија. Сметајќи дека нејзиното вистинско име не е доволно привлечно за филмската индустрија, го избрала уметничкото име Мерилин Монро, инспирирано од актерката Мерилин Милер и моминското презиме на нејзината мајка.

Во текот на 1950-тите и почетокот на 1960-тите години, Монро стана глобален секс-симбол и една од најпознатите актерки во светот. Нејзините филмови остварија огромна заработка, а таа беше меѓу најплатените холивудски ѕвезди на своето време.

— реклама —

Најголема слава стекна со улогите во „Мажите повеќе сакаат русокоси“, „Како да се омажиш за милионер“, „Принцот и актерката“ и „Некои тоа го сакаат жешко“, за кој ја доби и престижната награда „Златен глобус“.

— реклама —

И еден век по нејзиното раѓање, Мерилин Монро останува една од најпрепознатливите и највлијателни личности во историјата на филмот и поп-културата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања