„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Што може да ги врати пратениците во собраниските клупи? Уставот дава можност Собранието повторно да се состане

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Според член 63 став 4 од Уставот, „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“.

— реклама —

Пратеници на СДСМ собираат потписи за да обезбедат можност претседателот на Собранието, Талат Џафери, повторно да го свика распуштениот парламент. Се повикуваат на членот 67 од собранискиот Деловник, според кој, „претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и на најмалку 20 пратеници". Мотивите да побараат состанување на парламентот биле со цел да се обезбеди контрола врз одлуките на техничката влада, бидејќи без функционирање на парламентот сега нема кој да ги ратификува договорите за заеми што ги бара Владата за справување со економските последици од кризата, објави dw.com.

Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС), на 15-ти април, еден ден пред шефот на државата да ја донесе втората Одлука за прогласување вонредна состојба, укажа дека Собранието мора повторно да се состане за да констатира дали постојат услови за вонредна состојба, бидејќи таа одлука мора да ја донесе законодавното тело кое го претставува суверенитетот на граѓаните. Притоа од ИДСЦС укажаа на единствениот услов според кој Собранието може повторно да заседава, пишува dw.com.

— реклама —

„Според Одлука на Уставниот суд број 104 од 2016 година утврдено е дека пратениците не можат повторно да заседаваат по одлуката за самораспуштање, освен во услови на воена или вонредна состојба", потсетија од Институтот за демократија.

„Исполнет е единствениот услов според кој Собранието може повторно да заседава во случај кога претходно се самораспуштило. Според собранискиот деловник седница може да свика Претседателот на Собранието, или тоа да го побараат 20 пратеници, Владата или Претседателот на Републиката. Во услови на физичко дистанцирање и забрана за собирање во групи, Собранието може да заседава и онлајн, што е практика воспоставена од законодавните домови во многу европски и светски држави“, укажаа од Институтот за демократија.

Текстот во целост на: dw.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања