„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Што навистина сака Путин од Трамп на Алјаска? Не станува збор за мир во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
putin-x-epa

Малкумина очекуваа дека Алјаска ќе стане сцена за клучен самит на американскиот и рускиот лидер. Но токму таму, во најголемата и најоддалечената американска држава, утре ќе се сретнат претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин на еден од потенцијално најважните состаноци во нивните мандати.

— реклама —

Во Москва, каде провладините пропагандисти веќе ја слават користа што ќе ја донесе овој самит, владее чувство на големо исчекување, пишува CNN.

За Кремљ, самото одржување на самитот со американскиот претседател е огромна победа.

— реклама —

„Никој повеќе не зборува за меѓународната изолација на Русија, ниту за нашиот стратешки пораз“, напиша влијателниот провладин воен блогер Александар Коц, додавајќи дека средбата на Алјаска има „сите шанси да стане историска“.

Средбата му овозможува на Путин да се врати на главната маса на меѓународната дипломатија, пркосејќи на оние што сакаат да го бојкотираат или уапсат под обвиненија за воени злосторства во Украина.

Изборот на Алјаска како локација е вистински мамец за руските националисти кои и денес тврдат дека таа територија е „историски нивна“. Алјаска, некогашен посед на Руското Царство, била продадена на САД во 1867 година за тогашни 7,2 милиони долари – цена што во Москва и денес ја сметаат за понижувачка.

Дополнителен оган запалија изјавите на Трамп воочи самитот, кога по грешка рече дека патува во „Русија“ на средба со Путин – што руските медиуми го протолкуваа како признавање дека Алјаска е „наша“.

За остатокот од светот, фокусот на овој самит е исклучиво војната во Украина и прашањето дали Русија е подготвена за вистински отстапки. Белата куќа порача дека Трамп ќе се концентрира на завршување на конфликтот.

Вчера, по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, Трамп вети „многу тешки последици“ доколку Путин одбие да ја прекине војната. Но Кремљ, кој се чувствува доминантно на украинското бојно поле, досега не покажал знаци на компромис.

Поверојатно е дека Путин има друга агенда. Се појавија детали за наводна руска мировна понуда според која Киев би се откажал од делови на Донбас во замена за прекин на огнот – предлог што украинското раководство категорично го одби.

„Немам право да ја предадам својата земја“, порача Зеленски, кој не е поканет на самитот. „Ако денес го напуштиме Донбас, нашите утврди и позициите што ги контролираме, ќе им го отвориме патот на Русите за нова офанзива.“

Сепак, Трамп изгледа отворен за идејата „територија за мир“, дури и ако е неповолна за Украина – што му отвора можност на Путин да ги прикаже Киев и Европа како главна пречка за мир, поткопувајќи ја американската поддршка за Украина.

Белата куќа се обиде да ги намали очекувањата, опишувајќи ја средбата како „испитување на теренот“. Тоа на Путин совршено му одговара – бидејќи токму Кремљ ја побара средбата, веројатно за да одложи нови американски царини и санкции.

Разговорите со Трамп може да му послужат да го одвлече прашањето за Украина во втор план и да отвори простор за поширок „рестарт“ на односите со Вашингтон, што би ги поделило западните сојузници.

Фактот дека во руската делегација ќе биде и главниот економски пратеник на Кремљ, Кирил Дмитриев, укажува дека на маса ќе бидат и теми за економска соработка. Ако Путин успее, „украинското прашање“ би можело да стане само една од темите – и тоа не најитната, заклучува CNN.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања