Во групен мејл каде се наведени адресите на сите објекти кои се таргет, биле испратени денешните закани за поставени бомби.
За скопскиот Аеодром, дојавата е дека има осум поставени бомби, за спортскиот центар „Борис Трајковски“ дојавата е дека има две поставени бомби. Потоа, се наведува дека пет бомби се поставени во Националната арена „Борис Трајковски“, три во хотелот „Александар Палас“, една во трговскиот „Ист гејт“, а две во „Мериот“.
Во мејлот кој циркулира на социјални мрежи како копија, а за кој се тврди дека е испратен денеска како заканата, меѓудругото стои:
„Бомбите ќе се активираат и ќе експлодираат на сеизматичен покрет. Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас, вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, еб**и гомна“, стои во мејлот кој кружи на социјалните мрежи.